Јункер: Целта е влегување на Западен Балкан во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Европскат акомисија Жан Клод Јунер порача пред Европскиот парламент дека земјите од Западен Балкан заслужуваат вистинска европска перспектива.

– Целта мора јасно да се постави. Целта е влез на Западен Балкан во ЕУ. До тоа ќе дојде кога ќе се исполнат сите услови. Ќе патувам на Западен Балкан во февруари и март. Сакам да ги слушнам нивните ставови. Сакам да им кажам кои се нашите очекувања од нив. Влегување во ЕУ не паѓа од небо, на него мора да се работи, порачал Јункер во Стразбур.

Навел дека сите гранични спорови помеѓу земјите на Западен Балкан мора да бидат решени пред нивното влегување во ЕУ и затоа добил аплауз од европските пратеници.