20.10.2015 01:50

Југословенскиот хит автомобил „Фиќо“ го слави 60-от роденден (фото)


„Фиат Застава 750“, а во народот познат како „Фиќо“ слави 60 години од своето постоење.

Првото „Фиќо“ е произведено во Крагуевац во 1955 година, а до 1985 година, од југословенската фабрика излегле 923.487 примероци од овој автомобил.

Овој автомобил денес се смета за еден од најпрофитабилните светски автомобили. Според официјалната статистика на Фиат, во светот се произведени скоро пет милиони примероци, или точно 4.921.626.

Fica-Fiat-750-7

„Фиќо“ е осмислен и конструиран од тогаѓниот машински инжинер на Фиат, Данте Џакоза. Моделите „фиат 600“ и „фиат 700“ требало да го заменат тогашниот „тополино“ („фиат 500“).

Постои мислење дека во СФРЈ, поради овој автомобил бил изграден првиот модерен автопат на Балканот, Белград-Ниш. „Фиќо“ од 1970 до 1980 бил најбројниот автомобил на југословенските патишта.

Fica-Fiat-750-2

Многу сопственици и денес се колнат дека „Фиќо“ е најдобриот автомобил кој некогаш го имале. Се проценува дека денес во светот се уште се возат околу 150.000 примероци од овој автомобил, додека во Србија во 2011 година биле регистрирани 200.

Fica-Fiat-750-3

Најдобрите приказни во светот на автомобилизмот се однесувале на „Фиќо“ и тоа дека на удолница можел да достигне брзина од 160 километри на час.

Zastava_750_Milicija

Во периодот од 1960 до 1970 југолсовенската полиција со „Фиќо“ одеше во потера по „лошите“ момци.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments