ЈП „Чистота и зеленило“: Стамбените задруги сами треба да си ги чистат дворните места (видео)

Сподели со своите пријатели

Доврното место околу зградите не е јавно-прометна површина и со тоа претпријатието „Чистота и зеленило“ нема обврска да го уредува, вака денес на прес конференција изјави Чедомир Јовановски од јавното претпријатие по обвинувања од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово дека дворното место каде се наоѓа мини паркот е целосно запуштен за што обвинувања упатија до раководството на претпријатието.

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово има програма за одржување на јавно прометни и зелено-цветни површини за 2016 година усвоена од Советот на Општина Куманово. Овој комплекс не е влезен во програмата затоа што не е јавна површина. По законот за домување донесен од Собранието на Република Македонија со зградите и дворното место околу зградите управуваат неколку стамбени згради – задруги кои се должни од резервниот фонд на станарите да ангажираат лица или организации да го одржуваат просторот односно нивното дворно место – вели Радомир Јованвоски, раководител на Сектор во ЈП „Чистота и зеленило“.

Според Јовановски, од неколку стамбени задруги досега во изминатиот период имало барање да им се достават ценовниците на Јавното претпријатие за одржување на просторот, меѓутоа до сега немало одговор од стамбените задруги за прифаќање или неприфаќање на понудата.

На крај би сакале да дадеме еден апел до граѓаните и станарите на овој комплекс, да се ангажираат лично или преку станбените задруги за да можат да се одржуваат нивните дворни места, а што се однесува до Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово секогаш е отворено за соработка, помага и во понатамошниот период помага и ќе продолжи и понатаму да помага како донации на садници до сега што сме дале – додаде Јовановски.

Инаку според него до сега десетици пати јавното претпријатие се вклучило во уредувањето на овој простор за да ги мотивира граѓаните сами да си го одржуваат дворниот комплекс.