Јовановска ја презеде градоначалничката функција во Старо Нагоричане (фото)

loading...

Претседателот на ОИК Старо Нагоричане денеска и го предаде уверението на новоизбраната градоначалничка на општината Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска.

Најави дека ќе ја оправда добиената доверба од граѓаните и оти ќе работи на решавање на инфраструктурните проекти, на проблемите со уличното осветлување и водоснабдителните системи.

 

 

– Првенствено, општината ќе биде отворена за сите идеи на жителите на Старо Нагоричане, рече таа.

Посочи дека меѓу приоритетните проекти кои што ќе ги реализира во наредниот период е уличното осветлување, бидејќи, објасни, повеќе од половина година граѓаните плаќаат за оваа услуга, а не ја добиваат.

 

 

– Особено внимание ќе посветам и на зимското одржуавње на улиците, бидејќи руралните општини порано ги зафаќа зимскиот период и изминативе години дел од патиштата беа завеани и селата блокирани. Воедно, ќе работиме и на водоснабдителниот систем кој нма проблем со капацитетот, туку со самиот систем, рече Јовановска.

 

 

Денеска, се одржа и конститутивна седница на Советот на општината, во која мнозинството од деветчлениот совет го има СДСМ, а за претседател е избран Јовица Јанчиќ.

На примопредавањето на градоначалничката функција присуствуваше и  досегашниот градоначалник, Милован Стојковски.

Извор: МИА


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments