Јелена Розга: Малкумина веруваа дека ќе успеам, беше тешко, но не потклекнав (галерија)

loading...

Модерна жена. Жена кралица. Вака наједностанво може да се опиште хрватската мега ѕвезда Јелена Розга која вчеравечер направи незаборавна атмосфера во Summer Club Space во Куманово.

Сексапилна, скромна и многу комуникативна и весела, Розга ја прифати нашата покана за интервју, па ја имавме можноста да позборуваме за музиката, песните, настапите, нејзините почетоци, семејството, но и љубовта.

Розга позираше пред нашиот објектив, а потоа заедно се упативме кон најдобриот клуб во Куманово, каде сите ги пеевме нејзините мега хитови.

 

 

КМ: И послендиот албум добро се котираше низ Куманово, како сте задоволни од „Модерна жена“?

Розга: Многу сум задоволна. Еве баш денеска кога ми дојде фризерот и неговата асистентка во соба вели „Знаеш што слушавме кога доаѓавме наваму?“, а јас им велам „Што?“, вели „Не пијем, не пушим, не пцујем“. Тоа им е најомилената песна на албумот. Морам да признам дека тоа е исто така една од моите најомилени песни, а од балатите на овој албум ми е најомилена „Писмо глава“, тоа е прекрасна балада, но некако кога ќе почне „Не пијем, не пушим, не пцујем“, таква забава, таква позитива, меѓутоа морам да ви раскажам што ми се случи денеска. Тргнав од Загреб денеска уверена дека понесов се, се понесов секако, освен козметика, немам апсолутно ништо. Немам никаква шминка кај себе, немам со што да се нашминкам, а јас сакам сето тоа да го направам сама, освен кога станува збор за некакви телевизиски шоуа.

 

КМ: Дали и е потребна шминка на ваква убавица како Јелена Розга?

Розга: (хахах) Па треба малку, затоа што кога дојдам на коцерт, кога сум на бина, сакам да ја испочитувам својата публика и се трудам и кога е најлоши и најтешко да имам добра волја и да биде весело. Но, морам да се заблагодарам на прекрасното момче, кое ми купи се, сите моите препарати за лице и ме спаси за вечерва.

 

 

КМ: Вие сте по трет пат во Куманово. Каква е тука публиката?

Розга: Ги знаат сите песни, јас се надевам еве, со оглед дека „Модерна жена“ излезе во 12-от месец минатата година, јас се надевам дека ги научиле и овие песни кои пред малку ги набројав, тоа се „Не пијем, не пушим, не пцујем“, „Писмо глава“, „Модерна жена“, барем некоја од тие песни да ги научиле и заедно да ги пееме покрај сите оние стари хитови.

 

КМ: Долгу време сте на естрадата. „Не пијем, не пушим, не пцујем“ ми се чини дека е нешто во стилот на песните на „Магазин“, дали можеби токму затоа ви е една од поомилените музички нумери?

Розга: Јас во принцип, кога Тончи ми ја отсвире баш таа песна на клавир, пред сите песни кои се наоѓаат на албумот, ми отсвира всушност неколку песни, и му реков колку ми е добра оваа песна, ме потсеќа на мојот „Опиум“, а тоа ми е исто така една од моите омилени песни. Велам Тончи јас и ова ќе го земам за албум, но да го направиме „Писмо глава“, таа ми е покомплицирана, тука Векославамора добар текст да напише и сега полека снимиме една, па друга песна, и веќе е 5 до 12 мораме да излеземе со албумот, велам Тончи дали Векослава ми направи текст, бидејќи во тој период се викаше „Опиум два“, тој вели – „Не сум, не можам Јелена да стигнам, ќе ја објавиме во друга прилика“, јас велам „Тончи, нека доцни албумот кога веќе толку долго го чекавме, толку години, па можеме да се стрпиме уште два дена“ и тој следното утро ми се јавува и ми вели дека ми испратил мејл со текстот, кога ја прочитав „Не пијем, не пушим, не пцујем, један једини порок“ и тоа беше тоа. Навечер влегов во студио, пеев половина час и толку ми е драго што инсистирав на таа песна што не попуштив да оставиме за друг пат, таа песна едноставно мораше да се најде на мојот албум.

 

 

КМ: Кој е вашиот порок?

Розга: Па палам цигари, но кога некој многу ќе ме налути, како ние велиме во Далмација, малку и пцујам, но не пијам алкохол.

 

КМ: Кој го прави вашиот репертоар, дали вие ги бирате музичките нумери кога ќе настапувате?

Розга: Секогаш јас го сложувам репертоарот за концерти. Кога пред неколку години започнав да доаѓам во Македонија не знаев всушност кои песни проаѓаат тука, многу тешко ми беше да составам репертоар од некои час и 50 минути колку траат моите концерти, за среќа се запознав со публиката и сега ми е многу полесно.

 

КМ: Дали бевте свесни дека сте толку популарна во Македонија?

Розга: Морам да признам дека не бев. Кога прв пат дојдов се расплакав затоа што така ја пееја со мене песната „Циркус“, одлично проаѓаат и „Кралица“, „Нирвана“, „Бижутерија“, но кога ќе почне „Циркус“, навистина настанува циркус, тоа е лудило. Толку ми допира тоа до срцето, толку ме развеселува, јас всушност кога плачам додека се пее таа песна на бината, јас плачам од среќа.

 

 

КМ: Вие сте многу успешна во вашата работа. Вашите македонски колеги секогаш се жалат дека немаат простор каде да настапат, дека немаат тезги, дека едноставно не им оди со музиката, што не е исто и за вас кога ќе дојдете од Хрватска, од бившите југословенски простори. Каква порака ќе им оставите на македонските пејачи, за да ја подигнат музиката на едно поголемо ниво, да се подигнат границите и за нив?

Розга: Јас сум секогаш за тоа дека за музиката не постојат граници. Ако песната е добра, ако песната  е хит, таа песна ќе дојде до слушателите, тоа секако, на овој или на овој начин. Сега има повеќе начини, сега имаме „Јутјуб“ и колку и да не се пуштаат одредени песни на радио станиците, само кликнете на тој и тој изведувач и можете да го слушнете она што го сакате. Исто така одиш во клуб и ги слушаш песните кои не можеш да ги слушнеш на радио и телевизија, така да за мене апсолутно за музиката границите не постојат, но треба да се работи многу, многу да се бори, да се верува и никогаш да не се потклекнува.

 

 

КМ: Еве вие правите еден експеримент, снимате и побрзи песни и балади со побрз ритам?

Розга: Ужасно е тешко денеска да се следат некои светски трендови, да правите нешто што го прави Џастин Бибер, преведно на хрватски јазик или македонски тоа веќе не е добро. Да бидеме реални, денеска ги слушаме оние песни „на, на, на“ и тоа звучи добро, но ајде сега ти тоа на храватски, ќе биде смешно. Мора да се прилагодиме на нашето поднебје, но исто така мораме секогаш да бидеме различни и јас некако би кажала дека „Не пијем, не пушим, не пцујем“ помина баш поради тоа, затоа што воопшто не е трендовска песна, тоа е песна стар „Магазин“, но помина. Нема рецепт за добра песна, едноставно публиката така одлучи, таа песна ја прифати со двете раце и ја засака, кога би знаеле што во тој момент ќе помине, мислам дека сите секој ден би имале хитови.

 

 

 КМ: Така, е. Вие чекавте пет години да излезе „Модерна жена“.

Розга: Така е. Јас годишно снимав по два сингла, но фала богу ете, не можам да кажам дека се потрефило, многу ратевме сите на песните, сите тие одлично поминаа. Но, верувајте тоа е таква лотарија, таков стрес и таква нервоза додека песната се работи, но кога ќе ја пуштите, па дали ќе помине кај публиката или нема, тоа е нешто најлошо, непроспиени ноќи, но сепак некако веруваш, па и да се случи некој неуспех, одиме понатаму. Јас 21 година сум во оваа работа и никогаш нема да потклекнам, секогаш ќе верувам дека утре ќе дојде подобра песна, работа полека, никаде не брзам со песните. Кога ќе дојде вистинската ќе излезам со песната.

 

КМ: Дали сте задоволни од настапите кои ги имате оваа лето?

Розга: Работиме нон-стоп. Постојано сме на пат, не знам колку концерти имавме низ овој осми месец, еден ден пауза, па потоа концерт, па два концерти, па еден ден пауза, па три. Но, навикнавме на такво темпо. Приватен живот не постои, бела сум како сирење, но ме радува секој концерт, секоја минута и секунда со мојата публика.

 

 

КМ: Како беше кога започнавте да се занимавате со музика, како е сега? Ќе кажат некои дека порано имаше поквалитетна музика, какво е вашето мислење?

Розга:  Добро јас со 17 и пол години дојдов во групата „Магазин“. Тогаш јас навистина ништо не разбирав. Мораа за се да ја прашаат мајка ми, дали може ова, она, бидејќи бев малолетна, но во тој момент бев најсреќна на светот, бидејќи во тој момент се исполни мојата животна желба. Но, секој ден нешто ново научив, во „Магазин“ многу работи научив и секој ден сакав да заминам во соло кариера, се плашав, би лажела кога би кажала дека сум „super woman“ и дека тоа би било лесно. Не беше. Беше тешко, тешка одлука, две години се двоумев, како и кога е вистинско време да заминам, никогаш не знаеш кога е вистинското време, очигледно за мене тоа беше таа 2006 година пресудна, тоа беше вистинска година за мене, но беше тешко на почетокот. Имаше концерти на кои имаше повеќе келнери од луѓе и солзи пролиени, нервоза, тогаш се разболев, но верував, сакав и тогаш во 2010 се случи „Бижутерија“ и се друго е историја.

 

 

КМ: Значи треба да се биде упорен за да се исчекори патот?

Розга: Секогаш за се во животот треба да се биде упорен и не само упорен, не можеш да бидеш сам. Едноставно во такви моменти, кога се случуваат такви промени во животот, не зборувам само за работата, туку општо за животот, секогаш морате да имате на кого да се потпрете.

 

КМ: Која е вашата поддршка?

Розга: Јас во тој момент кога во 2006 заминував од „Магазин“ ги имав секако родителите покрај себе, имав прекрасни пријатели, малку од нив веруваа дека јас како Јелена Розга ќе успеам, но тие малкумина кои веруваа во мене, јас не ги дадов од себе.

 

КМ: Лилјана Николовска беше во „Магазин“, по неа Јелена Розга и некако групата од тогаш како да изгасна славата на „Магазин“?

Розга: Јоој, немојте така. Јас изразнав со Лијлјана Поповска, мислам и вие, и ден денес најмногу на светот го сакам нејзиниот глас, по мене дојде Ивана Ковач, еве сега групата уште работи, веќе 7-8 години таму е Андреа Шушњара, работат, се борат, јас и посакувам денес-утре да се обиде да се осамостои и да тргне во соло кариера.

 

 

КМ: Каков е квалитетот на музиката во последните години. Дали ги поддржувате овие шоуа каде се бараат талентите. Дали навистина можат да се најдат таму квалитетни гласови и имиња или се е тоа комерцијала?

Розга: Има тука навистина квалитетни, кога некогаш ќе фрлам поглед и видам нешто на интернет, има тука препрасни вокали, но некако мислам дека нешто им се случува преку ноќ, дека славата ги удира во глава и дека се губат во сето тоа, а тоа е најлошо во светот. Јас мислам дека во оваа работа, најтешко е да се остане нормален, да се остане цврсто на земјата, да бидете како и сите други луѓе, да го почитувате секој човек на земјината топка, на секој да му се јавите фино, и мислам дека тоа им се обива од глава. Славата им се случува преку ноќ и тогаш мислат дека можат се. Јас всушност ќе бидат кантаутор, тоа како јас сега да полудам и да почнам сама да си ги пишувам песните, мислам чао Розга веќе те нема. Така да, мислам дека тоа е проблем. И мене славата ми се случи преку ноќ и јас со 17 и пол години земав микрофон во рака и мојата прва песна беше „Сузе бисерне“, мега хит, па „Гинем“ и сите тие песни се случија, и веројатно затоа сум тука кога ќе гледам низ годините што минаа дека мора да им се заблагодарам на своите родители. Секој ден мајка ми ми велеше да останам своја, да бидам дете  во душа, да не се оптеретувам со работата која ја имам, да бидам Јелена и навистина сум.

 

 

КМ: Како е на планот на љубовта?

Розга: Тоа само чекав да ме прашате. Тоа го оставивте како шлаг на крајот. Убаво ни е, нас двајца многу работиме, знаете деке „2Cellos“ се многу познати и многу работат, насекаде се. Стјепан моментално е сега на годишен, а јас работам, тој моментално е во Пула и утре со своите родители со брод кренува кон Далмација, таман кога ќе дојдам во недела во Сплит ќе се најдеме на еден ден, па јас повторно одам, но ете се обидуваме што повеќе време да минуваме заедно колку е тоа можно, со оглед дека професиите ни се такви какви што се.

 

КМ: Тешко ли е кога две познати личности се заедно?

Розга: Апсолутно ништо не е тешко. Ако така си сложиш во глава, ако си реален во животот, ако живееш живот еден на сцена, а друг кога ќе се спуштиш од сцената, симнуваш тој некаков плашт и бидеш личност која бара љубов и малку внимание.

 

 

КМ: Ни дојдовте кога температурите се високи еве на целиот Балкан се тропски, што ви остави најдобар впечаот, на што имате најголема замерка тука во Куманово?

Розга: Апсолутно немам никаква замерка. Лето е, топло ни е на сите, само пожарите слушнав дека и кај вас има, и кај нас беше страшно во Сплит исто така се дојде до куќите дојде огнот, баш беше катаклизма. Јас прв пат во животот се преплашив, но јас сум дете на летото. Јас повеќе го сакам летото од зима, затоа што зимите предолго траат, а летото е прекратко. Така да колку и да ни е тешко да ги поднесеме овие 40 степени мислам дека ќе плачеме за месец и половина кога ќе дојде студеното време.

 

 

КМ: Што ќе им порача Розга на нашите читатели?

Розга: Јас кога ќе ме прашаат што си посакувам себеси тоа е здравје, се друго ќе дојде, за се ќе се погиржиме во животот затоа што веруваме во онаа што го правиме и го сакаме она што го работиме. Само здравје, исто така тоа им го посакувам на сите ваши читатели и секогаш концертот го завршувам со една реченица, а тоа е „Не дајте никој никогаш кон вас да се однесува како кон бижутерија, сакајте и ценете се себеси“.

Во продолжение дел и од атмосферата во Summer Club Space.

 

 

 

 


Последни наслови

Facebook Comments