Јавноста бара одговор за тоа која е Катица Јанева – новиот специјален обвинител

Сподели со своите пријатели

Јавноста не стивнува со барање одговор за тоа која е новата специјална обвинителка, откако изутринава во медиумите беше објавено дека партиите постигнале договор, Катица Јанева да застане на чело на тимот кој ќе ги расчисти дилемите за аферата прислушување.

Loading...

Имено, станува збор актуелниот Јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Гевгелија која потекнува од семејство на познат судија, кој бил и претседател на Основниот суд во Гевгелија.

Јанева (50)  според достапните содржини има учествувано на бројни тренинзи и обуки и во академијата и на меѓународни семинари. Таа ја врши функцијата Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Гевгелија, а на 10 април 2003 била назначена за заменик на јавниот обвинител во Гевгелија.

Како што пишуваат медиумите, со оглед дека гевгелиското јавно обвинителство има само основна надлежност и се наоѓа под јурисдикција на Јавното обвинителство Скопје, автоматски подразбира дека гевгелиското јавно обвинителство засега работи само на случаи за полесни кривични дела но не и на дела од областа на организиран криминал и корупција, па оттука и прашањето дали Јанева ќе може да се справи со предизвикот во расчистувањето на аферата ПУЧ

Имено, според информациите во одбрана на подготвеноста на новиот специјален Јавен обвинител стои дека Јанева има завршено висока обука за борба против мафијата, корупцијата и организираниот криминал во Италија. Таа е член на Здружението на јавни обвинители со учество во повеќе активности, меѓу кои и за подготвување на Законот за јавно обвинителство.

Во имотниот лист во Антикорупциската комисија стои дека Јанева има пријавено (не)движен имот од над 250.000 евра, едно моторно возило „рено 5 кампус“, трансакциона сметка во НЛБ Тутунска банка и денарска штедна книшка во Стопанска банка.

На име на нејзиниот починат сопруг, кој бил ветеринар, се водат плац во селото Конско во вредност од 1.000 евра, земјоделско земјиште од 1.930 квадрати во вредност од 20.000 евра и моторно возило ровер 45 во вредност од 20.000 евра.