Јапонец загинал откако шест тони порнографија паднале врз него

Сподели со своите пријатели

Кога сопственик на зграда во Јапонија дошол да провери зошто маж (50) не ја плаќал киријата, останал шокиран кога го видел под куп магазини мртов веќе подолго време.

Телото на мажот било пронајдено после шест месеци,а  семејството од компанијата која го чистила станот барала тоа да го направи дискретно за да се сочува достоинството.

Стравот бил да не се прочуе дека мажот во станот имал, како што пишува „Дејли Мејл“, шест тони порнографски магазини кои го затрупале поради што и починал.

Мажот, идентифициран како Јоји, претходно работел во автоиндустријата, а не е јасно дали доживеал мозочен удар, попаднал под магазините кои тогаш паднале врз него или завршил така што случајно тие паднале врз него и го убиле.

Секој дел од станот бил преполн со порнографски магазини, а на остатоците од мажот имало толку магазини што тие ги пригушиле неговите повици за помош.

 

Loading...