Јадете риба, за да бидете здрави

Сподели со своите пријатели

Консумирањето на мрсна риба како лососот, скушата и сардината барем два пати неделно гарантира намалување на штетните ефекти од јадењето на брза храна, тврдат научниците.

Јадењето на “junk food” стана хит во последниве години. Она што луѓето не знаат сепак е фактот дека оваа навидум безопасна храна е одговорна за намалувањето на антитела во човечкиот организам. Така имунолошкиот систем станува подложен на бактерии, вируси и други болести.

Loading...

Истражувачите од универзитетот “Џон Мур” во Ливерпул истражувале две потенцијални прехранбени адитиви, за да проверат дали тие би можеле да ги отстранат штетните влијанија од редовното конзумирање на брза храна. Предметните додатоци биле омега-3 масните киселини и хидроксиолеиновата киселина, кои се наоѓаат во големи количини во рибата и морските плодови.

За еден од многуте експерименти, кои ги спровеле научниците користеле 32 глувци кои во текот на неколку недели билр хранети со т.н. “junk foods”, додека малите глодари не стекнале прекумерна тежина.

Потоа глувците биле поделени на две групи – на една од групите им била давана храна богата со омега-3 масни киселини, а на другата храна која содржи големи количини хидроксиолеинова киселина. Осум недели подоцна, откако било детално извршено истражувањето на двете групи глувци, истражувачите дошле до заклучок дека и двете додатоци го намалуваат ефектот од дебелината врз имунолошкиот систем.