Ја посипале со киселина, имала 87 операции, но сите безуспешни (видео)

Сподели со своите пријатели

Жртва на напад со киселина, која ја планирала сопствената еутаназија (овозможување смрт на лица со неизлечива болест за да се спасат од неподносливи болки и измачување), но се предомислила со оглед дека разговарала со папата Фрањо.

Колумбијката Консуело Кордоба, која била повредена во напад со киселина пред 17 години, планирала со помош на лекар да стави крај на својот живот. Во одредени околности, еутанзацијата е дозволена во Колумбија.

Но, кога неодамна се сретнала со Папата и замолила за одобрување да си го одземе животот, тој ја одбил нејзината молитва и и рекол дека е многу храбра и убава. Консуело тогаш одлучила да не се убие.

Таа е повредена кога нејзиниот поранешен партнер Дагоберто Есунчо во 2000 година ја посипал со киселина – злочин за кој одслужил месец дена во затвор. Во интервјуто дадено во 2012 година рекла:

„Имав совршениз аби, бев многу убава, но сега сум уништена. Размислував за самоубиство. Прашав зошто би живеела? Со животот каков што го водам, поради што?“

Од нападот, Консуело имала 87 операции во обид да го реконструира своето лице. За да може да дише на нос има цевчиња, храната може да ја конзумира единствено со цевче.

Неодамна и било кажано дека има инфекција на мозокот па поради тоа решила да си го одземе животот. Одреден и е датум, 29 септември, па кога папата Фрањо ја посетил Колумбија, Консуело била изберена да разговара со него.

Поради се што и кажал, сега сака да живее. Лекарите кои требало да и помогнат да стави крај на својот живот, од неа ќе го добијат одговор „ви благодарам за инекцијата, но таа е наменета за некој друг“.

https://youtu.be/oUFWwtFpMks

Loading...