Извршителка од Куманово заработи кривична пријава за слоупотреба на положбата

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.К. (43) од Штип, Извршител на подрачје на Основен суд Куманово, Крива Паланка и Кратово со седиште во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавената во повеќе наврати ја злоупотребила својата службена положба, на тој начин што при спроведување на извршување,  остапувајки по извршен предмет во две спротивни постапки за продажба на недвижен имот – деловни простории, две ниви и градежно изградено земјиште со вкупна вредност од 6.525.533 денари, иако вредноста на извршувањето изнесувала 2.456.000 денари, пријавената го ставила на продажба целиот имот. На овој начин го игнорирала Договорот за закуп на еден дел од недвижниот имот заверен со нотарски акт, кој должникот, како сопственик на целиот недвижен имот, го дал под закуп во период од шест години на правно лице од село Слупчане.

При спроведување на извршувањето пријавената постапила спротивно на одредбите, односно не ги доставила списите од извршниот предмет до должникот, кој бил на привремена работа во странство, до плодоуживателот во постапката и до ополномоштениот адвокат. Во двете спроведени постапки на извршување Заклучокот го објавила во дневен печат, а не во Службен весник, со цел должникот да не биде запознаен со постапката.