Израелската полиција побара обвинение за Нетанјаху

Сподели со своите пријатели

Израелската полиција предложила на државниот обвинител во Израел премиерот Бенџамин Нетанјаху да го обвини за два случаи за примање мито, јавуваат тамошните медиуми.

Полицијата може само да поднесе предлог до државниот обвинител, а на него е конечната одлука, пренесува Ројтерс.

Нетанјаху тврди дека е недолжен, а од почетоко на 2017. година неколку пати е исрпашуван во полицијата.

Израелските медиуми наведуваат дека Натенјаху примал подароци од бизнисмени и дека правел договор со еден израелски издавач за намалување на медиумската конкуренција, поради попозитивни текстови во весниците.

Leave a Reply