29.11.2017 01:47

Измислена е првата машина за еутаназија, а нејзин творец е „Др. Смрт“ (фото)

loading...

Првата машина за самоубиство е направена, а нејзиниот творец е Австралијанец кој се занимава со случаи на еутаназија, др. Филип Ничке. Таа се нарекува „Сарко“ и се состои од капсула, која може да се одвои од базата и да се користи како ковчег.

Оваа машина е дизајнирана да овозможи на корисницит еда извршат самоубиство со кликнување на копче. Тие првин мора да пополнат прашалник за својата ментална состојба, за да добијат четирицифрен код за пристап да капсулата. Потоа со притискање на копчето го активираат испуштањето течен азот, а намалувањето на кислородот, овозможува мирна смрт.

НАЈЛУДИ РЕЛИГИИ ВО СВЕТОТ: Во Америка се молат на СВЕТА СЛАНИНА

Доктор Ничке, познат и под прекарот „Доктор смрт“ ја направил оваа машина во Холандија заедно со еден инжинер со цел таа да биде достапна ширум планетата, пишува „Дејли Мејл“.

Тој истакнува дека сакал да направи „Сарко“ кој ќе им овозможи на луѓето да го завршат својот живот, кога тие ќе посакаат.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments