Изложбата „Минливи секвенци“ во четврток во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во четврток со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе биде отворена исложбата на слики под насловот „Минливи секвенци“ од авторката Маја Јаќимовска.

Вкупно дваесетина дела на актерката ќе бидат изложени за кумановци, а за Јаќимовска ова е нејзино прво самојстојно претставување.

Маја Јаќимовска, инаку е родена 1991 година во Крива Паланка. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Добитник е на втора награда на VII Студентско интернационално арт биенале, а учествувала и на повеќе групни изложби во земјата и во странство.