Изложбата „Два света“ од Димитар Чунговски во петок во Куманово

Сподели со своите пријатели

Под насловот „Два света“ во петок со почеток од 20 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе биде отворена изложбата на Димитар Чунговски, во организација на Фото Клуб Куманово и Фото Клуб Битола.

Димитар Чунговски – Чунга е роден во Битола, 1979 година. Неговите почетоци во фотографијата се поврзани со рачната изработка на аналогна црно-бела фотографија уште на мала возраст, за време на основното образование.

После направената пауза за време на неговите студии, а со доаѓањето на дигиталната технологија, некаде во 2003 година тој ја продолжува фотографската уметност. Активно членува во Фото Кино Клуб Битола од неговото формирање.Учествувал на повеќе од педесет домашни и меѓународни групни изложби на фотографии каде што има освоено голем број награди и признанија.

Ова е негова прва самостојна изложба преку која се претставува со 40-тина фотографии.

 

Loading...