Изјавата на Јоханес Хан во Вашингтон ја налути СДСМ (видео)

Сподели со своите пријатели

Јоханес Хан, еврокомесарот на ЕУ за проширување, денес одговараше на новинарско прашање поставено од новинарот на Гласот на Америка за тоа како е осмислено спроведувањето на предвремени избори во Македонија со оглед на големата недоверба во институциите, но и за тоа, дали Хан разговарал со претставниците во САД за прашањето на Македонија.

Loading...

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во Вашингтон побара политичките страни вклучени во преговорите за надминување на политичката криза да бидат констрктивни, бидејќи Македонија може да ја загуби препораката за почеток на преговорите во Европската унија доколку политичкиот договор не биде спроведен.

– Има голем скандал што никој не може да го игнорира. Има 22.000 снимки. Да не зборувам за содржината што е нешто друго. Треба да има двонасочна реакција на ова – една е политичката и затоа бараме опозицијата да се врати во парламентот и да се справи со ова прашање на вообичаен политички начин преку дебата во парламентот, да има истражни комисии и така натаму. Но, ова исто така е криминален случај и со него треба да се постапува врз основа на меѓународните и европските стандарди – изјавил Хан.

Според него, во периодот до изборите треба да се модифицира изборниот законик, да се разгледа избирачкиот список и некои други елементи.

Изјавата на Хан во Вашингтон беше причина зошто СДСМ откажа присуство на средбата во Брисел закажана за 10 јуни.