Изгласан годишниот план за вработување во „Чистота и зеленило“

Сподели со своите пријатели

Долга расправа денеска се развржа на седмата седница на Советот на Општина Куманово по точката која предвидува Годишен план за вработување на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ кој предвидува 88 нови вработувања.

Советниците од опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ упатија критики кон планот, со оглед дека претходно барале да им се достави систематизацијата на претпријатието, а не ја добиле. Воедно не добија ниту одложување на точката од дневниот ред.

Воедно советничката Анета Шандева Доневска вели дека соодносот на работните места е многу чуден, а воедно се бараат седум раководители и средствата од буџетот за таа намена се големи.

– Станува збор за големи суми на пари, за еден раководител имате за советници 512.412 нето плата, додека вкупната бројка за сите овие што се утоварувачи за смет изнесува 886.812 нето плата, чуден соодност барате малку технички персонал, можеби за базенот имате потреба доаѓа сезоната но сметам дека имате потреба и за сметот, временските услови го диктираат и тоа. Анета Во моментот имате 279 вработувања, не знам дали бевте присутни поставив прашање на куманово гас со колку луѓе работи само осум а 279 вработени законската обврска треба да ја испочитувате а не и да ја злоупотребувате вие барате 88 од кои само 10 имате природен одлив, ако може гас да работи со осум пологично е да се работи за нивниот план а не за вашиот, рече Шандева Доневска.

 

Loading...

 

Во дискусијата се вмеша и претседателката на Советот, Атина Мургашанска која посочи дека за ваков план за вработување во наредниот период ќе распаваат за сите претпријатија, бидејќи тоа е законска обврска.

 

 

Според Сашо Петрушевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“ дека е планирање на можните вработувања, што не значи дека сите мта ќе бидат пополнети. Според законот и претходно изработената систематизација, мора да има годишен план за вработување, рече Петрушевски кој потенцираше дека нови вработувања ќе има во согласност со финансиските можности.

– Овој годишен план е со сите празни места кои се во текот на годината она не значи можеби во текот на годината нема ни еден од овие да се вработи но според законските правила и прописи на јавното претпријатие бидејќи казните се големи мора секое претпртијатие да го има донесено. Со тоа што бројката која ја кажавме шест празни места има во утоварачи, луѓе кои го изнесуваат сметот, 99 се поплнети, празните места се дадени, ова е само план кој треба да помине за да оди во министерсвото, што се однесува до советниците според новиот закон за јавни службеници минатите систематиации стоеше референт, според бројката и каталошкиот број стои советник, туку референт за правни, општи, технички прашања. Овој годишен план е се она што е оставено како празно месот во систематизација, рече Петрушевски.

 

Loading...

 

На забелешката на советникот од Алијанса за Албанците дека и за работните места раководители треба да се води сметка за балансерот, директорот Петрушевски објасни дека се вклучени и степенот на образование, квалификациите и слично.

Од 88-те работни места, 25 се наменети за Албанци.

Leave a Reply