Иванов за утре ги повика на средба лидерите на партиите

Сподели со своите пријатели

Во вечерашното обраќање на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов повика на воздржаност и смиреност, но ги повика лидерите на парламентарните партии утре на лидерска средба на која ќе се изнајде решение за новонастанатата состојба денеска.

Ве повикувам да останете присебни и да не подлегнувате на провокации и манипулации, повикувам на смирување на тензиите и ненасилство, на разумно и одговорно однесување, на одговорно однесување на сите надлежни институции кои мора да ги почитуваат уставот и законите. Секој треба да биде одговорен за своите постапки и свесен за последиците од нив. Оваа состојба може да се надмине преку почитување на правниот поредок на РМ. Нема прашање на кое нема решение преку дијалог, затоа ги повикувам лиерите на парламентарните партии утре да дојдат во мојот кабинет на лдиерска средба да ја разгледаме состојбата, сите опции за смирување и наоѓање излез од новонастанатата состојба, лидерите ја добиле довербата од граѓаните и се најдоговорни за наоѓање решенија во согласност со уставот, законите и деловникот на собранието – рече Иванов и бргу замина без да одговара на новинарски прашања.

Во меѓувреме одекнуваат шок бомби во Собранието и надвор, а повредени се и нови лица, нивната бројка засега не е позната.