Иванов во официјална посета на Бразил

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, попладнево во палатата Планалто во Бразилија, беше пречекан со највисоки државни почести од страна на бразилскиот претседател Мишел Темер.

Loading...

Ова е прва официјална посета на претседател на Македонија на Федеративна Република Бразил и на Латинска Америка, соопшти прес-службата на Кабинетот на Претседателот.

Во рамки на посетата претседателот Иванов ќе присуствува на свеченото отворање на Амбасадата на Република Македонија во Бразилија, прва резидентна македонска амбасада во Латинска Америка.

Иванов вчера оствари средби со д-р Пауло Скаф, претседател на Федерацијата на индустрии на Сао Паоло и Едуардо Виера, претседател на Федерацијата на индустрии на Рио де Жанеиро.