Иванов ќе биде информиран за борбената готовност и задачите на АРМ

Сподели со своите пријатели

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе биде информиран за борбената готовност на Армијата на Република Македонија од страна на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.

Брифингот за борбената готовност е редовна обврска на началникот на Генералштабот на АРМ кон претседателот на Република Македонија. Претседателот Иванов како врховен командант на вооружените сили ќе биде информиран за реализацијата на плановите и задачите на АРМ во 2017 година, согласно функционалните области на АРМ./МИА

Leave a Reply