Иванов денес на Груевски ќе го додели мандатот за формирање Влада

Сподели со своите пријатели

Денеска истекува последниот рок до кога претседателот Ѓорге Иванов треба да го додели мандатот за состав на Владата на партијата која ќе направи мнозинство во Собранието.

Законскиот услов за конституирање на Собранието започна да тече на 30 декември, а претседателот е должен во рок од 10 дена, односно денес да го додели мандатот за состав на новата влада на партиите кои ќе имаат мнозинство во Собранието.

Мандатарот во рок од 20 дена од доделување на мандатот до Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата, за кој пратениците ќе треба да гласаат.

Иванов претходно изјави дека ќе ги испочитува роковите, а утринава од кабинетот на претседателот известија дека во 13 часот денес Иванов ќе го додели мандатот на Груевски.