Ивана Дичковиќ – петта репрезентативка на Македонија од ЖРК Куманово

Сподели со своите пријатели

Селекторот на Женската младинска репрезентација на Македонија, Борче Марковски, го објави поширокиот списокот на ракометарки повикани за подготовки за европското младинско првенство во Словенија.

Марковски се реши за 20 ракометарки меѓу кои се најде и голманката на ЖРК Куманово Ивана Дичковиќ. Ова претставува огромен успех за самата ракометарка, но сепак најголема заслуга има тренерот на голманите во женскиот ракометен тим од Куманово Синиша Арсовски.

Горда сум што добив шанса да бидам избрана во селекцијата на нашата држава. Ќе го дадам максимумот и се надевам дека ќе го претставам нашиот клуб, град и држава во светло издание на европското првенство во Словенија – изјави Ивана Дичковиќ.

Loading...

Првиот собир  се одржа во Спортската Сала „Автокоманда“ во Скопје, во понеделник со почеток од 09:00 часот.