ИСТ КВАЛИТЕТ ЗА СИТЕ: И Германците ќе јадат полоша Нутела

Сподели со своите пријатели

Европската комисија потврди дека некои мултинационални компании започнале процес за изедначување на квалитетот на своите производи за да ги надитрат скорите законски измени, а меѓу нив HIPP, Ferrero и Bahlsen.

Хип на тоа се обврзал откако се објавени резултатите на истражувањето на хрватската европратеничка Биљана Борзан и хрватската Агенција за храна кои покажале дека тестираната детска храна во Хрватска е помалку здрава од онаа во Германија, објавуваат од нејзиниот кабинет.

– Комисијата наведе дека и Фереро се обврзал да го изедначи квалитетот на Нутела во сите земји. По моето истражување, Фереро се изјасни дека квалитетот на Нутела е подобар само во Германија, а во сите останати земји членки е еднаков. Сега се влезени во процесот на снижување на квалитетот на Нутел во Германија за да не се доведат во ситуација повторно да бидат прозвани во истражувањата, рекла таа.

Официјално тоа го обајснуваат и промените во ланецот за снабдевање со храна, но потрошачите во Германија веднаш тоа го поврзаа со проблемот на двоен квалитет и исклучително се незадоволни, рекла Борзан.

Истражувањето на слатките со употреба на хрватска и германска Нутела потврдило дека производот од Хрватска содржи сурутка во прав и има помал процент на млеко во прав, додека производите во Германија содржат само млеко во прах. Утврдена е и разлика во бојата, конзистенцијата, мирисот и вкусот на производот, се продолжува во соопштението.

– Очигледно некои произведувачи мудро одлучиле да ги надитрат промените на кои работиме во Европскиот парламент. Ги повикувам и другите произведувачи да се приклучат, а особено оние на кои во Хрватска им пронајдовме најголеми разлики како произведувачите на виршли „Вуди“ или детерџентот „Ариел“, додала Борзан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од програмата на Месечината

Leave a Reply