Испрашувањето на нарко дилер прекинато, затоа што давал несекојдневни одговори (видео)

Сподели со своите пријатели

Осомничен кој го испрашувале полицајците во Канзас, американска сојузна држава Мисури, пуштал „ветрови“ за време на испитувањето, што толку им пречело на полицајците што го прекинале тој дел од ситрагата, пишува ВВС.

Шон Сајкс (24) е осомничен за незаконско поседување дрога и оружје откако полицајците по втор пат за два месеци му ги пронашле во редовна контрола.

Сепаратисти фатиле дилер на дрога па го претепале до смрт (видео)

Loading...

По првото приведување, до кое дошло во септември, Сајск за време на испрашувањето одговарајќи на прашањето кадеживее, се наведнал на едната страна од столчето и гласно прднал, што е всушност формулација внесена и во службениот записник.

Детективот напишал дека Сајкс и потоа продолжил со фалтуленцијата, па испрашувањето било прекинато.

Нова дрога коси низ светот: 100 пати посилна од хероинот

Во тоа време не покренале обвинение против него, а самиот Сајкс негирал дека оружјето и дрогата се негови, но како неодамна повторно бил приведен со недозволените предмети, конечно е обвинет за поседување украден пиштол и кокаин наменет за продажба.

Експлозивните детали за оваа драма во полициската станица се објавени деновиве, откако се испливало во судската постапка, која веќе започнала.