Исламските држави го признаа Источен Ерусалим за престолнина на Палестина

Сподели со своите пријатели

Организацијата за исламска соработка го присна Источен Ерусалим за престолнина на Палестина, се наведува во коментарот кој е објавен на крајот на вонредниот самит на организацијата во Истанбул.

Организацијата на исламските држави го призна Источен Ерусалим за престолнина на Палестина како одговор на одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да го признае Ерусалим за престолнина на Израел. Оваа одлука предизвика остра критика на муслиманските држави и европските лидери.

Во документот се повикува меѓународната заедница исто така да го признае Источен Ерусалим за окупирана престолнина на палестинската држава.

Државите членки на организацијата за исламска соработка ги повикаа Обединетите нации да го заштитат статусот на Ерусалим, соопшти телевизија CNN Turk.

Во финалниот документ се наведува дека Организацијата за исламска соработка ќе го активира прашањето за Ерусалим на Генералното собрание на ООН, ако Собранието „не преземе потребни мерки“.

Освен тоа, членовите на организацијата побарале Израел да ја прекине окупацијата на градот.

Во организацијата за исламска соработка членуваат 57 држави.