Иселеник од Норвешка прв пристигна до светиот крст во Затворениот базен (галерија)

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишниот Иван Антевски беше најбрзиот пливач меѓу осумдесетината пријавени пливачи во трката за светиот крст во Затворениот градски базен во Куманово.

 

Loading...

 

Антевски веќе шест години живее во Норвешка и рано утринава во 2 часот пристигнал специјално за да учествува на оваа манифестација. Вели дека треба да бидеме христијани секој ден, а не само за празниците. Посакува здравје, љубов, среќа и мир на сите верници.

– Сакам да се заблагодарам на сите момчиња што беа тука што пливавме заедно, сакам да кажам исто дека овој крст не е само за мене, туку за сите што скокаа внатре во базенот и покажаа храброст, желба и вера во бога, верба во себе и мислам дека тоа многу важно. Втора година учествувам тука, дојдов специјално сношти во два часот со авион од Норвешка, само за да учествувам во овој спектакл. Веќе шест години живеам во Норвешка, Иван Антевски, 34 години.

 

 

Антевски и минатата година прв стигна до светиот крст, но бидејќи тогаш верниците скокнаа пред свештениците да го дадат знакот, скокањето беше поништено и се скокаше по втор пат кога крстот замина во рацете на Стефан Мирчевски.

 

Loading...

 

На подарок од градоначалникот Максим Димитреивски, најбрзиот пливач доби ЛЦД телевизор кој ќе го подари на хуманитарна организација која ќе има потреба од него.

– Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите што учествуваа на оваа манифестација, општината обезбедува само поддршка, а иницијативата доаѓа од нашата црква. Инаку сакам на сите граѓани да им посакам честит празник, голем успех и просперитет во сите домови и семејства, рече градоначалникот Димитриевски.

 

 

Специјален гост на манифестацијата беше и постојаниот претставник и амбасадор на УНДП во Македонија, Луиза Винтон, која воедно е и почесен граѓанин на Општина Куманово.

– Чест ми е да бидам денеска во Куманово. Претходно бев и во Ранковце за да видам како овој празник се одбележува и да бидам дел од она што им се случува на луѓето секој ден. Ја користам оваа можност да му се заблагодарам на градоначалникот и на сите да им посакам среќна Нова година, почестена сум да работам во оваа земја, особено во Општина Куманово, изјави Винтон.

 

 

Како организатори на манифестацијата се јавуваат и четирите пливачки клубови од Куманово, кои се надеваат дека оваа манифестација полека, но сигурно ќе прераснува во традиција.

– Се надевам дека ќе прерасне во традиција и заинтересираноста е се поголема, од година во година се повеќе расте желбата кај пливачите кои сакаат да пливаат по светиот крст на Затворениот базен во Куманово, рече Александар Спирковски од Пливачкиот клуб „Делфин“.

 

Loading...

 

Освен во затворнеиот градски базен, претходно крст се фрлаше и во базените на Храмот „Свети Нилола“, црквата „Света Троица“ и во поголем број други црковни места и реки низ кумановско.

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...