13.01.2018 11:25

Исчезнала во 1975 година, сега се појавила и нема објаснување


Жената која исчезнала од околината на Њујорк пред цели 42 години пронајдена е во сојузната држава Масечусетс во установа за луѓе со потешкотии.

Локалните власти потврдиле дека жената пати од деменција. Флора Стивенс сега има 78 години, а го користела презимето Харис кога детективите ја пронашле близу Бостон.

На властите не им е јасно што се случувало откако исчезнала во август 1975 година до денот кога е пронајдена.

Тогаш жена од 36 години последен пат била видена кога мажот ја оставил во Монтицел за да иврши преглед на лекар.

Кога се вратил по неа, Флоре не била таму. Полицијата повремено се занимавала со случајот, но без напредок во истрагата.

Благодарението на истрагата на полицијата во Њујорк во септември истрагата мрднала од мртва точка. Пронајдени се посмртни остатоци во соседното село.

Полицијата мислела дека можат да бидат остатоците на Стивенс, но со истрагата сфатиле дека некој ги користел нејзините податоци во Масечусетс.

Истрагата дошла до установата „Love“ каде ја пронашле Флора Харис, која таму престојувала од 2001 година.

Детективите потврдиле дека се работи за исто лице. Медицинските податоци велат дека Харисова била сместена во старачкиот дом во Њу Хемпшир и Њујорк.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments