ИОХН – ЗНМ: Државата да не се меша во работата на медиумите

Сподели со своите пријатели

Во Македонија постои прекумерна регулација на приватните радиодифузни медиуми, државата премногу се меша во креирањето на нивната програма, што негативно се одразува на уредувачката слобода и квалитетот на програмата, но и на финансиската состојба на медиумите.

Ова се заклучоците од Проценката на ефектите од примената на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз уредувачката медиумска слобода, кои беа презентира денеска од Институтот за општествени и хуманистички науки (ИОХН) и Здружението на новинари (ЗНМ).

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани нагласи дека едногласна препорака е дека државата воопшто не треба да се меша во креирањето на програмската шема на приватните медиуми. За програмата, додава тој, одлучуваат пазарот, вкусот на потрошувачите, а не политичарите.

Прашањето за професионалната етика на медиумите треба да се реши со саморегулација, самите новинари и медиумите треба да изнајдат механизам за зголемување на одговорноста на медиумот, а не тоа да биде наметнато од државата со закони.

Катерина Колозова нагласи дека Институтот за општествени и хуманистички науки од 2014 се занимава со темата на заробена држава и анализата на нејзините механизми, а во таа смисла е и анализата на овој Закон.

– Актуелниот Закон е совршен пример на илиберална демократија и нејзиниот главен механизам заробената држава, во која извршната власт до толкав степен ги потчинува законодавната и судската, што е практично е единствената власт. Карактеристично за сите илиберални демократии е дека законите премногу се детализираат, што е случај и во овој Закон, со што фактички е сведен на правилник, вели Колозова.

Тој висок степен на детализираност ја ограничува уредувачката политика и новинарската слобода и предизвикува цензура и автоцензурта, а застапниците на ова законски решение велат дека тие не интервенираат во содржината.

– Не чепкате во содржината, но до тој степен со деталите чепкате во формата што нема начин да не ги инхибирате и преплашите уредниците дека во некој миг нешто ќе згрешат. Уредниците се притиснати да бркаа форма наместо суштина за да не бидат казнети, додава Колозова.

Легес ординарес или материјалните закони, кои уредуваат некоја област во нормални демократии содржат две до три глоби, се друго се решава на суд, а во постоечкиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги имаме најмногу глоби во Европа во споредба со старите европски деморкатии, односи членките на Унијата пред бранот на проширување во 2004 година. Слична како нас во оваа сфера е Хрватска, но и Унгарија.

Највисоки казни се однесуваат токму на програмските стандарди или на членот 92, а најголем број од изречените мерки на регулаторот се однесуваат на овој член, за кој Колозова се надева дека нема да биде дел од измените.

– Законот е тендециозно детализиран за да се збуни граѓанинот, односно субјектот до тој степен што не знаете каде да ја свртите главата, а да не згрешите, намерно се создава правна магла со цел субјектот да се почувствува беспомешен во рацете на бирократскиот авторитарен судија, кој единствено знае дали си згрешил или не, вели Колозова.

Селмани го актуелизира прашањето за измените на Законот, упатувајќи критика дека Владата со членот 61 сака да има монополот на вистината.

– Ако помине овој член власта во иднина ќе ја утврдува вистината во медиумите, она што според нејзиниот вкус ќе биде лага ќе го казнува со пет илјади евра за медиумот и 1.500 евра за одговорното лице. Овој член од законот ќе има застрашувачки ефекти врз слободата на медиумите и слободата на говорот, ќе ја зајакне постојната самоцензура и ќе ја задуши критиката во медиумите, нагласи Селмани.

Во врска со позитивната реакција на министерот Роберт Поповски дека е подготвен да го повлече членот 61, Селмани изрази претпализвост.

– Ако нешто научив во изминатите седум години е дека треба да бидеме претпазливи во однос на ветувањата на политичарите, вели Селмани.

Тој додаде дека ЗНМ се соочува со потешкотии при обидот да ја појасни новата ситуација.

– Се соочуваме со декларативна заложба за слобода на медиумите, од друга страна има тенденции кои не потсетуваат на однесување на претходната власт, што апсолутно не можеме да го прифатиме, рече Селмани.

Заклучок од истражувањето е дека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги е стручна во работењето и непристрасна, но проблемот е што и е даден погрешен закон.

Проблем е политичкиот дел на работењето на Агенцијата, односно директорот во неа има апсолутна власт.

Извор: МИА

Loading...