Интересни факти за снегулките кои сигурно не сте ги знаеле

Сподели со своите пријатели

Знаете ли како и каде се формираат снегулките, зошто снегот не е секогаш ист и зошто крцка додека чекориме?

Снегулките настануваат веќе во облаците, но тие не се најмалата честичка снег, туку снежни кристалчиња кои меѓусебно се поврзуваат и прават снегулки.

Ако снегот паѓа додека температурите се пониски, помалку кристали се врзуваат во снегулката која е и поситна. Доколку температурите се нешто повисоки, снегулките имаат повеќе кристали и паѓа покрупен снег.

  • Снегот е минерал, како и дијамантот и солта

  • Снегулките паѓаат со просечна брзина од 1,7 m/s. Тоа значи дека околу пет минути им требаат од облаците да пристигна до земјата.

  • Снегулката е група ситни кристали мраз со различен облик.

  • Според Гинисовата книга на рекорди, најголемата измерена снегулка паднала во САД во 1887 година и била голема 38 сантиметри.

  • Околу 12% од Земијаната површина вечно е покриена со снег и мраз.

  • Свежо паднатиот снег содржи и до 95% заробен воздух.

  • Во просек еден ден годишно паѓа снег и грми.

  • Во центарот на скоро секоја снегулка се наоѓа зрно прашина.

  • На Зејините полови никогаш не паѓа многу снег. Поголемиот дел од снегот кој го гледаме на телевизија потекнува од стар снег кој го носи ветерот.