Инстант – култура

Сподели со своите пријатели

Некогаш одамна имало култ. Луѓето се поклонувале пред него , во негова чест се принесувале различни жртви и го славеле. Култот не бил биран онака стихијно. Тој секогаш имал одредена законитост и одредена цел. Тој секогаш стоел над варварските и неуките племиња. На култот неможел да се приближи било кој од племињата,туку само  најмудрите и најучените. И одеднаш племињата почнале да се развиваат. Тоа најчесто било под покровителство на самиот култ. Така развивајќи се племињата сватиле дека култот не им е неопходен и дека е бесмислен. Култот на крајот бил отфрлен од нив. Не им било лесно, но тоа за нив било неизбежно за напредокот. Но, зад него останал и постојан стремеж за нешто возвишено, аспирација стара колку и самиот човек. Наместо култот на возвишеното настанала културата. За културата почнаа да „тежнеат„ сите. Намерно напишав „тежнеат„ бидејќи културата не е лесно достапна и не е лесно достижна.

Што е со денешново инстант време и култура? Дали во него културата остана возвишена? Гледам и слушам наоколу. Сите сакаат да бидат дел од таа култура. Сите сакаат, но без работа, без трошење на своето драгоцено време… Ми се чини дека идеално би било кога културата би можела да се купи на килограм или можеби најдобро би било да се нарача како чудесните креми, чаевите за слабеење или магичните таблети против целулит. Ќе испијат една таблета и таа преку ноќ ќе ги претвори не само во културни личности туку и во личност која разбира и која создава дела кои ќе бидат дел од културното наследство.

Македонија е земја во која многу луѓе се неписмени. Не сакам да изнесувам официјални статистички бројки бидејќи мислам дека не се точни. Мислам дека состојбата е многу полоша од таа што бројките ја покажуваат. Но, зар е битно што ние не ги знаеме основните правила на нашиот јазик и правопис кога стоиме на тезата дека “само” Сонцето е постаро од Македонија. Кога го “знаеме” нашето славно историско минато. Друго и не ни е толку битно. Е тоа е таа апатичност, до која не доведе десет годишно владеење на врхушката од ДПМНЕ.

Ако некогаш сте биле на Саем за книга во Скопје сигурно сте виделе многу метеж по штандовите. Таму да се појавиш веќе стана помодарство. Луѓето мислат дека е доволно таму да се појавиш за да бидеш дел од култниот свет, дел од културата. Би било одлично ако една четвртина од луѓето таму прочитаат барем една книга годишно. Се плашам дека тоа е далеку од стварноста и дека тоа не е нашата реалност. Ние како народ сакаме да читаме. Да,ама жолт печат и исповед на старлети по ноќните клубови. Колку пари заработуваат и  колку трошат.

Аристотел (ако знаат кој е поданиците наши на Александар) сигурно се превртува во гробот, но кој го него памети ова е ново време, инстант време.

Пишува: Емил Ташевски, дипломиран инжинер по Информатика

Loading...