Инспектор го присвоил накитот кој не успеале да го украдат крадците

Сподели со своите пријатели

Инспектор во СВР Скопје украл златен накит од куќа во која вршел увид по тешка кражба. Против него, како што денеска соопшти полицијата, е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

МВР соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава против Ж.И. поради постоење основани сомненија дека со искористувањето на службените овластувања сторил кривично дело – „злоупотреба на службената положба и овластувања“.

Од страна на МВР против Ж.И. е поведена дисциплинска постапка и тој е суспендиран од работното место.

Полицаецот се сомничи дека искористувајќи ја својата службена позиција во тек на вршење на работна задача – увид во случај на тешка кражба во куќа – со намера да прибави за себе противправна имотна корист, неовластено одзел златен накит со што го извршил посоченото кривично дело.

По налог на ОЈО Скопје, лицето е лишено од слобода и е предадено на надлежен Јавен обвинител за понатамошна постапка.

Извор: МИА

Loading...