Инсиње: Јувентус не се откажува, но се зависи од нас

Сподели со своите пријатели

Лоренцо Инсиње одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Наполи помагајќи му на својот клуб да го победи Каљари (5:0) со еден гол и една асистенција.

Наполи се врати на лидерската позиција во Серија А, но Инсиње предупредува дека нема место за опуштање, бидејќи Јувентус им „дише во врат“.

– Одигравме добро и важно е дека победивме. Ние сме на врвот и се е во наши раце. Мораме да победиме на сите останати натпревари. Јувентус нема да се откаже, но покажавме дека имаме одлично срце и солиден карактер, рече Инсиње по триумфот во Каљари.

-Ние не вршиме притисок врз никого, ние едноставно ја играме секоја игра како да е финалето на натпреварот. Се надевам дека на крајот од сезоната ќе бидеме наградени за таков пристап, додаде италијанскиот репрезентативец.

На 12 рунди до крајот Наполи е прв на табелата со 69 бода, четири повеќе од бранителот на тронот Јувентус кој има и натпревар помалку./МИА

Leave a Reply