Иницијативата „Спас за козјачијата“ ќе се бори против отворање рудник во кумановско

Сподели со своите пријатели

Група на граѓани во Куманово отпочнаа иницијатива “Спас за Козјачија”, по сознанието дека во селото Бајловце, општина Старо Нагоричане се одвиваат детални геолошки истражувања за експлоатација на металични минерални суровини – злато и бакар.

Граѓанската иницијатива има за цел, на секој расположлив начин, да спречи доделување концесија за експолоатација на руда, бидејќи учесниците се загрижени од последиците по здравјето на граѓаните и околината од отворањето на овој рудник.

Експлоатација на рудата за овие т.н. благородни метали, претставува една од најголемите загадувачи на природата. Доколку концесијата за експлоатација на руда биде одобрена, по течението на реката Петрошница ќе се отвори огромен рудник за злато и бакар. Таквиот тип на индуструја спаѓа во Г1 тешка и загадувачка индустрија.

Рудникот ќе биде со отворен коп, а рудата ќе се обработува со т.н процес на „лужење“. Тоа значи дека тони и тони експлозив секојдневно ќе се активираат врз почвата во Бајловце, што ќе резултира со ширење на опасна прашина во атмосферата, која ветерот ќе ја носи во нашите домови. Уште поопасен по здравјето на луѓето е методот на екстракција на рудата во кој се користат цијанид и сулфурна киселина кои што предизвикуваат зголемување на сериозни заболувања на луѓето и домашните животни во околина на општините Старо Нагоричине, Куманово, Кратово, Скопје, Крива Паланка и сите останати околни населени места. Јаловината која што низ годините ќе остане како отпад од рудникот, можно е да истече и да се излее во Петрошница и Пчиња, пренесувајќи ги отровите преку Вардар вдолж цела Македонија до вливот во Солунскиот Залив. Долината на реката Петрошница е дел од Националната Емералд мрежа на Подрачја од посебен интерес за заштита (ASCI) како живеалиште на птици. На само неколку километри воздушна линија од областа каде што се предвидува изградбата на рудникот Петрошница се наоѓа мегалитската опсерваторија Кокино. Сите тие пејсажи и животински свет ќе бидат уништени – изјави Драгана Стефановска од иницијативата „Спас за Козјачијата“.

Сите заинтересирани може да ги контактираат преку фејсбук фан страницата „Спас за Козјачијата“.