Има 100 години: Јадам зачинета храна, играм до зори и никогаш не сум уморна (фото)

Сподели со своите пријатели

Иако има веќе 100 години, Мари Луиз Вирт и натаму помага во својот бар во селото Изберг, во северниот дел на Франција.

Тука започнала да работи кога имала 14 години. Како што вели, живее како некој што има 60 години.

– Многу излегувам, сакам да одам некаде да танцувам. Не ми е проблем да дојдам дома во 2 наутро и да станам во 7:30, не сум уморна, објаснува оваа витална баба.

Најстарата тату уметничка има скоро 100 години, но целиот свет доаѓа кај неа (видео)

Loading...

Како вели, јаде исклучително силно зачинета храна, не сака млеко, а во животот никогаш не го допрела јогуртот. Јаде се што не би требало.

– Ако ми понудите мајонез и џем, без расмилување ќе земам мајонез. Немам холестерол, вели таа.

Во селото дошла со родителите кога имала осум години и еднаш кога започнала да работи во барот, назамисливо е тој да биде отворен, а таа да не е во него.

Мари Лу, како сите ја нарекуваат, својот 100. роденден го прославила на 23 ноември. Пријателите и напишале песна „Немаме 100 години секој ден“.

Колкав ќе биде животниот век, каде ќе живееме, од што ќе добиваме струја? – прогнози за следните 100 години

Еден гост од барот рекол дека има такви кои кажуваат дека Мари лу има лош карактер, но тој ја познава како насмеана, љубезна и фина госпоѓа.

https://www.facebook.com/grandlille.tv/videos/10154967640957327/