Им се закануваат 40 удари со камшик затоа што носеле панталони

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 20 Суданки се обвинети за непристојност затоа што носеле панталони на прослава во близина на Картум, а поради носењето облека, која според законот во Судан, се смета за „срамотна“ им се закнуваат 40 удари со камшин и парична казна.

Вкупно 24 Суданки се уапсени кога полиција влегла на прсолава во затворена сала во една зграда во која тие присуствувале, пренесува ВВС.

Земји во кои атеизмот се казнува со смрт

Loading...

Активисти за човекови права наведуваат дека полицијата секоја гдина поради непристојност приведува и бичува десетици илјади жени, а законите се применуваат произволно.

Тврдат дека законот во мнозинскиот муслимански Судан против носење панталони и шорцеви или кратки здолништа ги дискриминираат христијаните.

Тој закон – Член 152 од суданскиот Кривичен законик се применува поради непристојни чинови во јавноста, носење „срамна гардероба“ или „навредување на јавните чувства“, додава ВВС.