12.03.2018 21:39

Илон Маск ќе ја започне колонизацијата на Марс


Човештвото мора што побрзо да го колонизира Марс за да нашиот вид биде сочуван во случај на Трета светска војна, кој за жал е веројатен, смета американскиот милијардер и иноватор, Илон Маск.

ИМА ЛИ ЖИВОТ НА МАРС? Европска вселенска сонда започнува потрага

Маск си зададе уште една задача – пробни летови на вселенскиот брод наменет еден ден да носи луѓе на Марс.

СПЕКТАКУЛАРНА СНИМКА: НАСА за прв пат прикажа како изгледа Марс пред зима (ВИДЕО)

– Мислам дека ќе бидеме подготвени да изведеме неколку кратки летови (полетување и слетување) во првата половина од следната година, рекол Маск на публиката во Остин, Тексас.

 

 

Милијардерот истакнал дека за човештвото е најважно да достигне до Црвената планета пред следната „веројатна“ светска војна.

НАСА: Новото езеро може да даде увид во животот на Марс (видео)

Колонијата на Марс, според негови зборови, би ја намалила шансата за продолжување на мрачното доба во случај на нуклеарен конфликт кој ќе го избрише животот на Земјата.

 

 

Свесен е на својата репутација со рокови, па Маск рекол: „Понекогаш моите рокови се… Знаете веќе“.

Момче од Русија тврди дека живеел на Марс (видео)

– Доколку сакаме да обезбедиме опстанок на човековиот вид, мораме да воспоставиме колонија на марс. Мислам дека малку е веројатно во иднина да не дојде до уште една светска војна. Тоа ни беше досегашен образец на однесување, заклучил Маск.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments