Илјадници ученици на протест по масакрот во Флорида бараат забрана за оружјето (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Повеќе илјадници ученици, помеѓу кои и оние од училиштето во Флорида во кое се случи смртоносната престрелка, се собраа денеска пред сојузното собрание во главниот град на Флорида, Талахаси, барајќи измена на законот за оружје и се заканија со дека ќе ги сменат републиканците кои одбиваат да ги разгледаат новите мерки за контрола на оружјето.

„Гласајте за нивното заминување“ извикуваа ученици кои се собраа во недела ден по масакрот во кој од огнено оружје беа убиени 17 ученици во училиштето.

Пратениците во Собранието на Флорида го одбија ограничувањето за оружјето, откако Републиканската партија презеде контрола над канцеларијата на гувернерот и парламентот во 1999. година.

Како што наведуваат агенциите, учениците „топло“ се примени во Талахаси, но политичарите не понудиле конкретни одговори. Најголемат ажелба на учениците – забрана на оружјето како што е пушката AR-15, која ја користел осомничениот за пукање во училиштето во Флорида, Николас Круз, симната е од дневниот ред претходниот ден.

Loading...

– Знаеме што сакаме. Сакаме реформа з аоружјето. Сакаме здраворазумни закони за оружјето. Сакаме промени, рекла ученичката Дилени Тар обраќајки се пред новинарите.

Според нејзините зборови, учениците разговарале со неколку пратеници, а најмногу што добиле од нив е „ќе ве имаме во мислите“ и „така сте силни“.

АП констатира дека и покрај одлучноста, малку е веројатно дека студентите и оние кои ги поддржуваат ќе го добијат она што го сакаат – забраната на AR-15 пшката и слични полуавтоматски пушки.

Републиканските пратеници се посериозно зборуваат за одредени ограничувања, но не и за целосна забрана, додава американската агенција.

https://www.facebook.com/ABCNews/videos/10156937116408812/

Leave a Reply