Илјадници луѓе се пријавиле за учество во ријалити во кое може да бидат убиени

Сподели со своите пријатели

Продуцентската екипа на ријалити емисијата „Game2: Winter“ која започнува да снима во јули во Сибир, соопштува дека рокот за пријава е завршен пренесуваат медиумите.

Меѓу повеќе од илјадниците луѓе, колку се прјиавиле, одбрани се 340 кандидати, за кои сега може да се гласа како би влегле во шоуто.

На основа на бројот на гласови на 1ви мај ќе се изберат 120 кандидати кои ќе влезат во потесниот круг. Во емисијата која стекнала титула на најболен медиумски производ некогаш, конечно ќе влезат 15 мажи и 15 жени.

Тие 30 „среќници“ ќе престојуваат во длабока тундра, во пустош до која е потребно половина час возење со хеликоптер, на температури кои во зима се спуштаат и до -50 степени целзиусови.

Снимањето на ријалитието ќе трае девет месеци, а натпреварувачите кои ќе издржат до крајот ќе поделат награда од 100 милиони рубљи, што е околу 1,66 милиони евра.

Храната е мора да ја наоѓаат сами, а за неа ќе се борат со мечки кои таму ги има многу. Она што емисијата ја прави поразлична од другите е најавата на продуцентите дека нема да реагираат без оглед на тоа што ќе може да им се случува на натпреварувачите.

 

Loading...