И во наредните денови врнежливо време

Сподели со своите пријатели

Утринава насекаде во земјава преовладува облачно време, на планините и повисоките места во западните делови како и Полошката котлина со врнежи од снег со послаб интензитет.Во јужните делови врнежите беа од дожд, но во моментов речиси насекаде престанаа, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

На некои повисоки места има ниска облачност и намалена видливост до 50 метри. Дува слаб, а на некои повисоки места и во Штипскиот регион засилен ветер од југоисточен правец кој достигнува брзина до околу 50 км/час.

Времето во текот на денот ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд, на некои повисоки места и на планините од снег, особено попладне. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови до засилен југоисточен ветер. Повеќе врнежи ќе има во западните делови од земјава, каде локално се очекува да наврнат над 20л/м2, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 3 до 9 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува 7 степени целзиусови.

Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и повеќе застапени во западните делови од земјава.

Leave a Reply