И со сребро „сино-белите“ испишаа историски успех за Куманово (галерија)

loading...

Кошаркарите на Куманово со сребрен медал и пехар го завршија натпреварувањето во БИБЛ лигата, второто место е историски успех за сино-белиот состав на тренерот Марјан Србиновски, кој по сите превирања, проблеми, репресии сепак успеа да се избори за свое место во финалето на Балканската лига.

 

 

Таму ги пречека далеку подобриот состав на бугарскиот клуб Берое кој сосема заслужено го подигна златниот пехар и со стотина фанови од Бугарија ќе се вратат назад како балкански шампиони.

 

 

Кумановци не беа разорачарани. Свесни дека играта во Стара Загора беше лоша и дека беше скоро невозможно да се достигне разликата од 29 поени, тие не се предаваа. Третата четвртина ја кренаа публиката на нозе, повеода, но се изморија. Целата игра падна на седум кошаркари кои Србиновски ги имаше на располагање и се трудеше од нив да го извлече максимумот.

 

 

Со насмевка ги примија сребрените медали кои им ги врачи градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски кој впрочем доби и плакета за особен допринос во развојот на спортот на Балканот.

 

 

Останува да се фокусираат на играта во домашната супер лига, каде не им оди баш најдобро. Изморени од два натпревари неделно не постигнаа многу, но ни таму нема да се предадат. Остануваат уште натпреварите против Карпош Соколи на гостински терен и Фени Индустри и МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен, а потоа ќе отпочне плеј-оф завршницата. Дали ќе обезбедат свое место и таму останува да се види, а кумановци да ги поддржат како и во изминатиот период со громогласно навивање од трибините.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Loading...

Последни наслови

Facebook Comments