И покрај лавовската битка КК Куманово загуби од Турк Телеком (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Во спортската сала во Куманово во рамките на четвртото коло од Еврокупот, КК Куманово и покрај лавовската борба загуби од КК Турк Телеком со резултат 84:75.

Loading...

[huge_it_gallery id=”233″]

Храбро и достоинствено против клуб кој има ерномрно поголем буџет, изабраниците на Љубисав Луковиќ вчеравечер дадоа се од себе. Натпреварот започнаа со одлична игра и водство од 8:2, но за брзо време турските играчи го наполнија домашниот кош. Веќе на крајот на првата четвртина од мечот гостите водеа со три поени разлика односно 23:20, за да подоцна со одличната игра на кумановици резултатот да биде изедначен на 27:27.

[huge_it_gallery id=”234″]

Серијата од 12 поени беше фатален удар врз играчите на КК КУманово, па така на крајот на првото полувреме Турк Телеком водеше до 42:36.

Второто полувреме започна со жестока игра од страна на домаќините при што ја намалија разликата на 47:43, а веќе пред крајот на третата четвртина резултатот повторно беше изедначен на 56:56 благодарение на бирлирањето на Луковиќ. Со неговата тројка и во последната четвртина КК Куманово поведе со поен разлика и резултатот беше 63:62, но сепак следеше серија без поени кои гостите ја искористија и го полнеа кошот во последните десет минути, па натпреварот заврши со побеа на КК Турк Телеком со резултатот 84:75.

Loading...

Извонредната игра на Урош Луковиќ на клубот му донесе 22 поени, со 16 скокоби и пет блокади, Костовски со шест тројки и 18 поени, Ли Инграм со 11, Јанески со 10.

Јанески вели дека и покрај овој загубен меч КК Куманово и понатаму ќе продолжи да се бори за пласман во следното коло.

Честитам на екипата на Турк Телеком за оваа добар игра. Пруживме колку можевме отпор, знаеме каде играат тие, а каде ние и се боревме машки до крај – изјави Јанески на прес конференцијата по завршувањето на натпреварот.

 

 

Тренрот на КК Куманово, Љубисав Луковиќ вели дека ова е многу тешко натпреварување пред се поради повредите на дел од натпреварувачите.

Моите играчи покажаа дека играат машки и исто така им честитам на тоа. Ни преостануваат уште две натпреварувања во Еврокупот и се надевам дека ќе го имаме тој позитивен скор и дека ќе поминеме во следниот круг. Јас верувам во овој тим, и заедно ќе одиме понатаму – изјави тренерот Луковиќ.

Еркумент Сантер, тренерот на КК Турк Телеком по натпреварување изјави дека целта на нивниот тим била да се осигура првото место во табелата.

Игравме паметно, имавме добра одбрана. Можеби тешко ни беше да го запреме Костовски кој имаше мислам 18 поени и важно е тоа што сега имаме можност да се бориме за следната фаза – истакна Сантер.

 

Loading...

 

Играчот на Турк Телеком, Мајкл Џенкинс потенцираше дека тимот на КК Куманово е одличен противник со добра игра.

Играат доста тешко, сакам тоа да го видам во тимот, фановите се одлични, направија добра атмосфера. Навистина уживавме во играта, беше тешка и знаевме дека нема да биде лесно и двата тима играа навистина добро – изјави Џенкинс.

И покрај загубениот натпревар, сепак постојат шанси КК Куманово да го продолжи натпреварувањето во европската лига. Така следниот натпревар ќе се одигра на гостинскиот терен во Финска против КТП Баскет, а останува и натпреварот на домашен терен против Роса Радом.

За повеќе видео материјал од натпреварот кликнете тука.