И мажите имаат ПМС: Се нарекува ИМС, а еве како да го препознаете

loading...

Др. Гералд Линколн, научник од Medical Research Council’s Human Reproductive Sciences Unitво Единбург открил дека и мажите имаат своја верзија на ПМС (предменструален синфром), кој го нарекол ИМС (irritable Male Syndrom) или синдром на машка раздразнетост, а причината е намалено ниво на тестостерон.

Мажите кои се склони кон изненадни напади на бес веројатно патат од ИМС. Со години кај мажите доаѓа до нагло опаѓање на тестостеронот, но големи осцијалции во нивото на машкиот полов хормон се присутни и кај помладите мажи.

Постоењето на ИМС прв го открил Герал Линкол кој набљудувал осум овна со претпоставка дека животните ќе бидат поагресивни во сезона на парење, кога нивото на тестостеронот е високо, но го открил спротивното. Кога количината на тестостерон опаднала, овните од способни и самоуеверени мажјаци се претвориле во неровзни и повлечени животни кои било лесно се иритирале.

Линколн тврди дека тестостеронт има посилно влијание и на човековото однесување и смета дека стресните настани, како смрт на сакана чичност, развод или тешки заболувања можат да предизвикаат нагли флуктуации во нивото на тестостеронот во организмот. Недостатокот на тестостерон предизвикува замор, депресија, раздразнетос и намалување на либидотото, но има и физички последици, како што се болки во рацете и нозете, потење и црвенило.

 


Последни наслови

Facebook Comments