И граѓани од Куманово заминаа на протест, а полицијата масовно се мобилизира (видео)

Сподели со своите пријатели

Активистите на Цивил ги снимија полициските колони кои се подготвуваат за вечерашните најавени протести по одлуката на Иванов за аболиција на политичарите.

Во вчерашните протести беа приведени 12 лица, канцеларијата на Иванов беше целосно демолирана, оштетени беа прозорците на Министерството за правда, а повредени неколку новинари.

Вечерва на протестот своја поддршка ќе дадад и граѓани на Куманово, кои организирано со автобуси пред еден час заминаа за Скопје.