И градоначалникот Дамјановски ја потпиша петицијата за законот за лица со попреченост

Сподели со своите пријатели

Првиот човек на Општина Куманово, Зоран Дамјановски се вклучи со поддршка во петицијата за законот за лица со пречки во развојот со што даде јавна поддршка предлог законот со кој на лицата со попрееност и нивните семејства треба да им се дадат поголеми права и социјална и здравствена заштита.

Воедно Дамјановски апелира до сите граѓани да дадат свој допринос и овие граѓани да се чувствуваат како дел од општеството и сите заедно да им помогнеме да имаат подобра иднина.

До сега поддршка на иницијативата дадоа и пратеникот Максим Димитриевски и челновите на Советот на Општина Куманово од редовите на СДСМ и коалицијата, како и голем број граѓани.

Сите заинтересирани свој потпис може да стават на штандот на градскиот плоштад поставен од организацијата „Инклузива“ до петок со почеток од 11:55 до 17 часот.