И годинава традиционално „Пивтијада“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Традиционално и годинава ќе се одржи петнаесетата по ред гастрономска манифестација „Пивтијада“ во организација на Мултимедијалниот центар „Карпино“, а со финансиска поддршка од градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Како и изминатите години и оваа настанот ќе започне во 12 часот во четврток во ресторанот „Грација“ во населба Карпош. На манифестацијата се пријавени околу 15 учеснички кои ќе се борат да ја направат најубавата пивтија, а оние кои не се пријавиле можат истото да го сторат и половина час пред почетокот на самата манифестација.

Настанот предвидува и богата културно-уметничка програма на која ќе учествува КУД „Панче Пешев“, галичкиот оркестар со зурли и тапани и кумановската млада пејачка Мартија Станојковиќ.

Најдобрите учеснички кои ќе ги избере жири комисијата ќе се закитат со златен, сребрен и бронзен медал.