И денеска натпросечно топло со температури над 25 степени

Сподели со своите пријатели

Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во западните делови на земјава ќе има  зголемување на облачноста. Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 18 до 25 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со минимална повремена облачност. Максималната дневна температура ќе достигне 24 степени целзиусови.

До крајот на работната недела ќе се задржи топлото време за овој период од годината.

За викендот и во  почетокот на наредната  недела се очекува промена на временската состојба.  Од северозапад се очекува да наиде релативно влажен и нестабилен бран, а од север ќе се спушта постуден воздух. Ке има зголемена облачност врнежи од дожд а на некои повисоки места и на планините се очекуваат и врнежи од снег.