И денеска екстремно топло, викендот носи дожд, грмежи и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минимиланите температури на воздухот ќе се движат од 15 до 23 степени, додека највисоката дневна температура ќе биде во интервал од 34 до 49 степени целзиусови. УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 9.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува сосема слаб ветер од западен и југозападен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 38 степени целзиусови.

Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе се задржи висока. Во попладневните часови и ноќта кон недела ќе биде променливо и нестабилно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално можно е процесите да бидат поинтензивни, особено во источните делови.

Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за повеќе од 10 степени. Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.