И денес врнежливо време со температури до 22 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Пообилни врнежи ќе има во југозападните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен источен и југоисточен ветер. Минималните температура ќе се движат од 12 до 17 а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 16 до 22 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи и грмежи во одредени периоди од денот. Максималната дневна температура ќе достигне 21 степен, додека истата во текот на ноќта ќе се спушти на 12 степени целзиусови кога исто така ќе имаме врнежи од дожд.

Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Температурата ќе биде во благ пораст.