И денес услови за појава на врнежи дожд

Сподели со своите пријатели

Денес ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег, претежно во западните делови од земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови повремено и засилен од југозападен правец.

Во Куманово и околината денес ќе имаме претежно облачно време проследено со појава на дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 11 степени целзиусови. Послабилно ќе биде во текот на ноќта, кога темпеературата ќе се спушти на 2 степени целзисуови.

Нови врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег, ќе има од петок попладне до сабота на пладне. Потоа следува променливо облачно време со пониски утрински температури.