И денес температурите над просекот, драстичен пад дури од следната сабота

Сподели со своите пријатели

Како што јавува порталот за временска прогноза, метеопро.мк, во текот на денешниот ден повторно не очекува топол и сончев ден со температури над просекот.

Loading...

Без значителна облачност и слабо замаглување во утринските часови, денот ќе започне со температури во интервал од пет до осум степени целзиусови, а во текот на денот истите ќе достигнат генерално од 22 до 24 степени, додека на крајниот југ се очекува истите да се искачат и до 26-от степен.

Во Куманово во текот на денешниот ден се очекува сончево и тивко време, со утринска температура од три степени, додека максималната дневна вредност ќе изнесува 19 степени целзиусови.

Според информациите со кои располага порталот accuweather промена на временските услови ќе има дури од следната сабота, поточно од 21-ви ноември кога температурата се очекува драстично да падне за околу пет до шест степени.