И денес температури до 40 степени, за викенд освежување

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во јужните делови ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 14 до 22 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 34 до 40 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време, со мала попладневна облачност која може да предизвика дестабилизација проследена со локални грмежи и врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 36 степени целзиусови.

До петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе биде висока. Преку ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд проследени со ретки грмежи.

Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали.